Црковен термин - категорија

Макавеи повеќе

Вид збор: Именка, множина
Верски празник - свети седум маченици Макавејски (Богородичен пост) на четиринаесетти август, односно први август по стариот календар, според името на свештеничкото семејство Макавеи кое загинало во борбата за независност на Ерусалим од Персија.

мантија повеќе

мн. мантии
Вид збор: Именка, женски род
Свештенички долг фустан, обично со црна боја, што се облекува над друга облека.
Англиски: cassock

мементо повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Дел од католичката миса во кој свештеникот ги споменува живите и мртвите.
Англиски: memento Албански: memento

минеј повеќе

мн. минеи
Вид збор: Именка, машки род
Во православната црква - книга со текстови за светителите распоредени по денови за секој ден во месецот.

мирјанин повеќе

мн. мирјани
Вид збор: Именка, машки род
световен човек
Англиски: layman

миро повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Светено масло во православната црква.
Англиски: myrrh

миропомазание повеќе

мн. миропомазанија
Вид збор: Именка, среден род
Мачкање со свето миро на одредени делови од телото, како религиозен ритуал.
Англиски: anointment

миропомазаник повеќе

Види и: помазание (ср.)
мн. миропомазаници
Вид збор: Именка, машки род
Тој кому му е извршен обред на помазание со миро.

мироса повеќе

(се) миросаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши помазание со миро.
Англиски: bless

мистерија повеќе

мн. мистерии
Вид збор: Именка, женски род
Верска тајна, догма што не може рационално да се објасни.
Англиски: mystery Албански: mister

митарство повеќе

мн. митарства
Вид збор: Именка, среден род
Во христијанството - начин на извршување на Посебниот суд кој настанува веднаш по одвојувањето на душата од телото по смртта, места на кои душата полага сметка за cвојот живот на земјата, мака, искушение.

митрополија повеќе

мн. митрополии
Вид збор: Именка, женски род
Црковна област под управа на митрополит.
Албански: mitropoli
Зграда, објект каде што е сместена управата на митрополитот.
Албански: mitropoli

митрополит повеќе

мн. митрополити
Вид збор: Именка, машки род
Највисок чин во хиерархијата на православната црква по патријархот, епископ на митрополија.

младенци повеќе

Види и: млад (прид.)
младенците
Вид збор: Именка, множина
Верски празник (22 март) на младите брачни двојки.
Албански: ditë festive për çiftet bashkshortore

молебен повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Кратка богослужба за изразување благодарност или со молба за здравје и среќа.
Англиски: prayer

молитвеник повеќе

мн. молитвеници
Вид збор: Именка, машки род
книга со молитви
Англиски: prayerbook

монах повеќе

мн. монаси
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се откажало од световниот живот и се посветило на религиозна служба.
Англиски: monk Албански: murg

монахиња повеќе

мн. монахињи
Вид збор: Именка, женски род
калуѓерка
Англиски: nun

мошти повеќе

моштите
Вид збор: Именка, множина
Посмртни останки, коски од светец.
Англиски: remains

МПЦ повеќе

Вид збор: Скратеница
Македонска православна црква.
Англиски: Macedonian Orthodox Church

мрсен повеќе

мрсниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на масти, денови, празници во кои може да се мрси.

мрси повеќе

мрсат
Вид збор: Глагол, несвршен
Јаде мрсна храна.
Англиски: eat fat Албански: han yndyrë

мрсници повеќе

Вид збор: Именка, множина
Деновите од Божиќ до Водици.
Албански: ditët prek kërshëndjellave deri në pagëzim

мртов повеќе

мртва
Вид збор: Придавка
За ден на мртвите, во состави.
Англиски: deceased Албански: i vdekur

мученик повеќе

Види и: маченик (м.)
мн. мученици
Вид збор: Именка, машки род
маченик

мученица повеќе

мн. мученици
Вид збор: Именка, женски род
маченица
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч